Детска литература (24/09/2020)

Заедничкото читање во семејството гради здрави односи меѓу родителите и децата. Родителите кои им читаат книги на дечињата многу полесно го градат односот на доверба што во иднина е клучен фактор за психолошкиот развој кај децата.Во најраното детство пак, читањето е важно за да можат децата да се запознаат со светот околу нив.

За ЈЛБ„Илинден“,најмалите читатели се на исто рамниште како и возрасните.Од тие причини, денеска во библиотеката пристигнаа книги и сликовници,со многу слики,многу јаки и убави бои, шарено и весело, и текст напишан на македонски, а на дел од нив и на англиски јазик.

Најмалите и најмилите ги очекуваме во библитеката!