За нас

ЈЛБ„Илинден“-Делчево,постои уште од 1937 год.и се викала „Светлина“.Од 1954 год. е во рамки на Домот на културата во Дечево, а од 2005 год. функционира како Јавна Локална Библиотека со клан во Македонска Каменица и с.Разловци.

Од почетокот на оваа годината до денес,  библиотеката има 400 членoви и во сподедба со истиот период лани,бројот на членови е зголемен за 10 %.Наши читатели се претежно учениците ,но имеме и многу студенти,како и постари читатели,пензионери.

Библиотеката располага со околу 55.000 книги,и според последниот попис на книги,за возрасни имаме околу 43.885 книги,од роднокрајни автори околу 660,детска литература 10.050.Околу 1200 книги библиотеката добила како подарок.

Нашата библиотека е  во системот COBISS,електронско обработување и евиденција на книги,и приближно 15.000 книги ,ни се внесени во системот а континуирано се внесуваа и другите , нови книги.

Располагагаме и со голем број на стручна литература од сите области особено од областа на медицината.Најмалку стручна литература имавме од областа на економијата, меѓутоа градоначалникот на Делчево,Горан  Трајковски  подари на библиотеката толку ваква литература и сега нашите студенти без разлика што студираат можат на ги користат книгите од нашата библиотеката.Имаме голем број на наши членови студенти кои користејки ја нашата стручна литература заштедуваат и време и пари.

Библиотеката постојано набавува се што е актуелно и нови.Ги имаме сите најнови и последни  издадени наслови и продолжуваме и понатаму да набавуваме се што е ново а се во интерес и на барање на нашите читатели.

На нашата библиотека и недостасуваше читална , многу мал простор имавме за читална и огромен број на книги кои се чуваа во таванските простоии во несоодветни услови,токму затоа направивме нова читална,која беше ставена во функција две  година.Тоа е една модерна, најсовремено опремена читална,функционална и пред се повеке од потребна.Во неа се сместија огромен број на книги кои до сега се чуваа во несоодветни услови,а  во неа нашите читатели можат да читаа книги или дневни весници.Исто така ја користиме и за реализирање на други активности и настани.

ЈЛБ„Илинден“ Делчево и во иднина ќе работи на промоција,реклама на библиотеката и книгите што ги набавува,се со цел да привлечеме  што е можно повеке читатели, да ги вратиме  сите наши поранешни читатели, да се врати потребата и желбата на читаење  книги но во печатени изданија а не електронски.И понатаму ке се залагаме, онолку колку што можеме да ги натераме нашите млади, наместо на социјалните мрежи или било какви пороци на денешното време,своето слободното време да го трошат на читање  печатени изданија на книги.Нашето мото и понатаму е: “Не можеш да изнајмиш среќа со пари,но можеш да изнајмиш книга од ЈЛБ„Илинден“а тоа е приближно исто.”