Одржана трибина на тема „Под сводовите на манастирите- црковно културно наследство на крајниот исток“

Библиотеките во Делчево, Берово, Пехчево, Кочани и Штип, денес во читалната на ЈЛБ„Илинден“ – Делчево одржаа трибина на тема„Под сводовите на храмот – црковно книжно наследство на крајниот Исток“.

На трибината свое присуство и учество имаа градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски и епископот на делчевско-каменичката епархија г. Марко.

Зборувавме за едно богатство кое со години, па и со векови,тивко живее во нашите цркви и манастири.Богатство кое можеби не е доволно познато, не е доволно истражено и најважното од се не е доволно евидентирано, барем ние како библиотеки немаме никаква евиденција, која сметаме дека треба да ја имаме.

Во храмовите не се чуваат само предмети од верата. Се чуваат книги, ракописи, записи,богослужбени книги, летописи и други пишани сведоштва кои можат да ни раскажат многу за времето во кое настанале, за луѓето кои ги користеле и за духовниот и културниот живот на нашите предци.

Секоја стара книга има своја приказна. Некои од тие приказни се запишани на нејзинатите страници а некои можеби се сокриени во белешките на некој свештеник, во запис на дарител, во печат, во датум или во едно име испишано пред многу години.

Токму затоа денешната средба беше можност да го отвориме прашањето што се се чува во храмовите, манастирите црквите во нашиот регион.

Библиотеките од Делчево,Берово, Пехчево, Кочани и Штип се обединети околу една заедничка идеа – да започне со меѓусобна соработка, со истражување и со создавање евиденција за ова книжевно наследство, доколку сите библиотеки се расположени за реализација на една ваква активност.

Не сакаме само да знаеме дека постои. Сакаме да го запознаеме, да го документираме и придонесеме кон зачивување за идните генерации црковното-книжно наследство.

Чест ни е што и градоначалникот на општина Делчево,одвои од своето време и беше дел од оваа трибина. Учеството на владиката Марко, Епископ на Делчевско-каменичка епархија помогна од духовен и црковен аспект да го разбереме значењето на ова наследство и негоото место во историјата на нашиот народ и нашите краишта. Поставивме темел за нешто што ќе продолжи да се гради и можеби еден ден и заеднички каталог на црковно- книжевно наследство од крајниот исток на Македонија.

Се она што ќе го запишаме, откриеме и евидентираме, останува.Да се надеваме дека ќе прерасне во многу посериозен регионален библиотечен проект – со унифиуциран образец за евиденција. Така оваа трибина ќе има конкретни резултати, а не само разговор.

Зад зидовите на нашите цркви и манастири можеби сеуште се чуваат страници кои сведочат за времето, за луѓето и за духовниот живот на нашите краишта. Да ги побараме, да ги запознаеме да ги евидентираме и да ги зачуваме. Затоа што она што е запишано не смее да биде заборавено.

Благодарност и до колегите од библиотеките во Штип, Кочани, Виница, Берово и Пехчево, што беа дел од трибината и наши гости.Се надеваме дека добрата соработка ќе продолжи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *