Реализирана уште една летна работилница

Кога книгите стануваат игра, а играта – вистинска авантура! Во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се одржа весела и креативна работилница исполнета со смеа, дружење и многу позитивна енергија. Преку пантомима, играта „Глув телефон“ и низа интересни предизвици, нашите најмлади читатели погодуваа наслови на лектири и сликовници. Натпреварувачкиот дух ги мотивираше сите да бидат брзи, снаодливи …

Реализирана уште една летна работилница Read More »

Толпото време не е пречка да се посетува библиотеката, велат членовите пензионери

Љубовта кон книгата не ја победуваат ниту летни горештини. Додека сонцето пече, вратите на нашата библиотека секојдневно ги отвораат токму оние кои со години се најверните чувари на љубовта кон книгата – нашите читатели- пензионери. Со тивка насмевка, со книга под рака и со истата возбуда како и првиот пат кога зачекориле во библиотеката, тие …

Толпото време не е пречка да се посетува библиотеката, велат членовите пензионери Read More »

Одржана работилница „Магијата на разгледницата- приказна која патува со насмевка“

Разгледницата не е само парче хартија – таа е мала приказна, спомен и насмевка што патува од едно на друго место.Разгледницата е мал картон со фотографија или цртеж од некое место, град, природа или знаменитост. На задната страна има место за кратка порака, адреса и поштенска марка. Пред многу години , кога немаше мобилни телефони …

Одржана работилница „Магијата на разгледницата- приказна која патува со насмевка“ Read More »

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево ги награди првенците основци

Традиционално, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево и оваа година ги награди првенците од основните училишта во градот, како признание за нивниот труд, знаење и посветеност. Денес наши гости беа Сара Димитровска, првенец на генерација од ООУ„Ванчо Прке“ и Ирина Спасевска, првенец на генерација од ООУ„Св.Климент Охридски“. Им честитаме на нивниот извонреден успех и им посакуваме многу нови …

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево ги награди првенците основци Read More »

Одржана првата работилница од „Шарени летни приказни“

Во пријатна и весела атмосфера, во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денес во попладневните часови се реализираше работилница „Летни шарени приказни“. Децата на возраст од 3 до 6 години со голем интерес разгледуваа сликовници, а потоа преку прекрасна активноси за пакување на подароци ги пакуваа сликовниците и си ги разменуваа едни со други, учејќи ја вредноста на …

Одржана првата работилница од „Шарени летни приказни“ Read More »

Нова донација на книги за библиотеката од Фондација Рудник „Саса“

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, упатува искрена благодарност до Фондација Рудник „Саса“ за донацијата на книги со која го збогатија  библиотечниот фонд во клонот на ЈЛБ„Илинден“ во Македонска Каменица „К.П.Мисирков“ и придонесоа кон збогатување на читателското искуство на членовите. Донацијата е по повод  20 години од рестартирањето на рудник „Саса“. Традиционално Фондација Рудник „Саса“ донира книги на …

Нова донација на книги за библиотеката од Фондација Рудник „Саса“ Read More »

Практична промоција на книга посветена на рачни изработки

Од страниците на стара книга до ново хоби за младите. Во Фондот на нашата библиотека се чува книга  од 1979 година, посветена на уметноста на плетењето, насловена „Рачни работи -плетење,плетење со чингелаќе, везење,шиење и други работи за спретни раце“. Денес кога мобилните телефони и екраните го заземаат најголемиот дел од слободното време на децата, сакаме …

Практична промоција на книга посветена на рачни изработки Read More »

„Тивките хероини меѓу нас“

Настанот кој го реализираше ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, беше насловен: „Тивките хероини меѓу нас“, посветен на жената – не на совршената жена, туку на вистинската жена. На жената која се буди уморна, а сепак продолжува.На жената која плаче тивко, а пред светот стои исправено.На жената која работи, создава, воспитува, се бори паѓа и повторно станува. Не …

„Тивките хероини меѓу нас“ Read More »

Oдбележан меѓународниот ден на детето

Да се прашаме, зар постои нешто почисто и посвето од детската солза која моли, од детската насмевка која облагородува, од детскиот ѕвонлив глас кој ја грее човечката душа!? Затоа наша мисија е да ги направиме децата среќни не само денес, туку секој ден, секој миг, секогаш… Секое дете заслужува среќа. Зар има нешто поубаво од …

Oдбележан меѓународниот ден на детето Read More »

Одбележан 24 мај – денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Датумот 24 мај претставува еден од најважните денови за македонскиот народ. Празникот кој се одбележува денеска е во чест на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, кои преку Моравска мисија успеале да ја основаат Глаголицата, првата форма на писмото Кирилица. Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот …

Одбележан 24 мај – денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј Read More »