Одржана работилница „Есен златна есен“

Есента во нашата библиотека доби најубави бои – боите на детската фантазија, креативноста и радоста!

Во рамките на работилницата „Есен, златна есен“, нашите најмали творци, првоодделенците, создаваа вистински мали уметнички дела инспирирани од убавината на есента. Со жолти лисја, ореви, шишарки и многу детска имагинација, тие изработија прекрасни есенски слики во кои се споени природата и детската креативност.

Секое детско дело носи своја приказна, своја боја и делче од детската душа. А кога детските рачиња создаваат, и најобичниот лист станува уметност!

Изработените творби сега ја красат нашата читална, внесувајќи топлина, ведрина и златен есенски сјај во библиотеката.

Благодарност до сите дечиња и наставничките Цветанка, Соња и Елена.

Веруваме дека библиотеката не е само место каде што се читаат книги, туку и простор каде што се создава, учи, истражува и расте со насмевка!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *