Oдржан натпреварот по краснопис

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, традиционално во соработка со основните училишта од Делчево, и оваа година го организираше натпреварот по краснопис, посветен на убавината на рачното пишување, трудољубивоста и креативноста на учениците.

Со особено задоволство ги избравме учесниците, чиј ракопис беше најдобар. Комисијата за избор во состав Валентина Даневска – наставник по македонски јазик и помошник директор во ООУ„Св.Климент Охридски“, Зорица Стојчевска- наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Ванчо Прке“ и Елизабета Тасевска – дипломиран наставник по македонски јазик,вработена во НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“, Даниела Георгиевска и Анита Петровска, библиотекари во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, го одлучи следното:

Прво место- Дариа Димитровска,ООУ”Ванчо Прке”,наставник Бети Јовановска

Второ место-Ирина Ташевска,ООУ”Св.Климент Охридски”,наставник Атанаска Стоичовска

Трето место-Ена Цинцовска,ООУ”Св.Клумент Охридски”,наставник Дарко Цинцовски

Сите останати учесници добија благодарници за вложениот труд, посветеноста и учеството. Им честитаме на наградените, а на сите ученици им посакуваме да продолжат да ја негуваат убавината на пишаниот збор и љубовта кон книгата. Благодарност до основните училишта, наставниците и менторите за соработката и поддршката во реализацијата на оваа убава традиција. Зашто убавиот ракопис не е само убаво напишана буква, туку одраз на трпение, внимание и љубов кон пишаниот збор!

Продолжуваме понатаму со натпреварот по изразно читање и рецитација.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *