ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, во читалната на библиотеката денес собра неколку жени свои редовни читателки на едно дружење кое го нарековме „Кафе, книга и женски приказни“.
Жените и книгите се приказни што се поврзуваат.
Не се зборувавше само за книги, туку се споделуваше дел од секоја присутна жена,зошто секоја книга која ја допрела жена, оставила траг во неа. Или ја насмеала, расплакала, охрабрила или пак ја натерала поинаку да гледа на животот.
Ова беше дружење во кое секоја од присутните жени имаше своја приказна, свој глас , своја книга и свој автор.
Сите присутни во нашето книжевно женско катче, ги поврзува љубовта кон книгата, но и потребата да разговараат, да споделуваат искуства, мисли и животни приказни.
Библиотеката во своите активности запишува уште едно женско дружење со душа, книга кафе и разговор.Благодарност до сите, посакуваме и понатаму да бидат наши редивни читатели.



