Работилница „Есен во библиотеката“

 Есента повторно донесе боја, креативност и детска радост во нашата библиотека!

Во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево повторно се одржа креативна есенска работилница, овојпат со учениците од второ одделение од ООУ Св.Климент Охридски”-Делчево

Нашите мали уметници со многу љубов, фантазија и креативност цртаа и боеја слики со есенски мотиви, преточувајќи ги боите и убавината на есента во вистински мали уметнички дела.

Преку ваквите дружења, библиотеката станува место каде што се среќаваат знаењето, уметноста, креативноста и детската насмевка.

Библиотеката е и место каде што растат љубопитноста, талентот и љубовта кон творештвото!

Благодарност до наставниците Ана,Горан и Даниела.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *