Стручна литература (29/08/2020)

Нова стручна литература денеска пристигна во ЈЛБ„Илинден“.Како и секоја година и годинава, Министерството за образование на РСМ,на библиотеката подари многу нови наслови,стручна литература и тоа скоро од сите области.Се надеваме дека за оваа литература ќе има голем интерес особено меѓу нашите студенти.Станува збор на скапа литература, и од тие причини апелираме до сите студенти и до сите кои имаа потреба од ваква литература,да ја посетат библиотеката,можеби меѓу овие наслови е и оној кој им е потребен за испит.