Нашите најмали ученици, првачињата од ООУ “Ванчо Прке” ни беа гости на една весела и поучна работилница. Разговаравме за лектирите што ќе треба да ги читаат,кога ќе ги научат буквите, за книгите што ќе ги читаат и за ликовите што ќе ги запознаат на страниците.
А потоа следуваше најзабавниот дел!
Секое прваче извлекуваше слика со лик од позната бајка и имаше задача да погоди од која бајка е ликот. Имаше погодени од прва, имаше размислување, а имаше и по некоја мала дилема – но најважно од сè беше што сите уживаа!
Денес не учевме само за лектири. Учевме дека книгата може да биде игра, откривање, дружење и патување во еден поинаков свет.
Добредојдовте во светот на книгите, драги првачиња!
Нека ви биде библиотеката место каде што секоја книга ќе ви отвори по едно ново прозорче кон светот!
Благодарност до наставничките Цветанка,Соња и Весна.







