Почетокот на учебната година секогаш носи посебна возбуда – нови училишни чанти, нови тетратки, нови другарства, но и една голема, прва училишна приказна.
Како што налага нашата традиција, и оваа година ЈЛБ „Илинден“ – Делчево им подари на нашите најмали ученици – првооделенчињата од Делчево, по едно парче школски прибор, како мал знак на внимание и голема желба за успешен почеток.
Им посакуваме на сите првачиња среќен, безгрижен и успешен почеток на нивното училишно патување!
Нека секоја нова буква биде ново откритие, секоја книга – нов свет, а секој училишен ден – една убава приказна што ќе ја паметат засекогаш.




