Нашата библиотека беше побогата за едно прекрасно дружење. Ги пречекавме корисниците од Дневниот центар за лица со попреченост од Делчево, кои не дојдоа само да ја посетат библиотеката – туку и дa помогнат во пописот на книжниот фонд, кој во библиотеката е во тек.
Со многу внимание, желба и насмевки, заедно работевме, разговаравме и се дружевме. Библиотеката не е само место каде што се чуваат книги. Таа е место каде што се среќаваме, учиме едни од други, се почитуваме и прифаќаме.
Вратата на нашата библиотека секогаш е отворена за сите. Затоа што книгите не познаваат разлики, а добрината нема граници. Различно сме, а сепак сите сме исти.




