Традиционално и годинава, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, подари книги стручна литература на 10 –те најдобри матуранти од СОУ„М.М.Брицо“.
Се надеваме дека книгите ќе им помогнат низ студенските години.Она што навистина го посакуваме е да не заборават од каде потекнуваа, тука да си се вратат, дома, и како академски граѓани, паметни,амбициозни и талентирани да допринесуваат за развојот во својот роден крај.
На сите најдобри, но и на сите матуранти, ЈЛБ„Илинден“ им ја честита матурата и им посакува многу успеси.
Матуранти, среќно!