ЈЛБ Илинден го одбележа меѓународниот ден на детето

Само најдоброто е доволно добро за децата.

ЈЛБ„Илинден“ го одбележа 1 јуни- меѓународниот ден на детето.

По тој повод првачињата од ООУ„Ванчо Прке“,  беа во посета на библиотеката.Дечињата ја разгледаа библиотеката, од библитекарите слушнаа на кој начин се издава и резервира книга а во читалната, секое дете имаше можност да разгледа по една сликовница и да раскаже што прочитало или што видело во нејзините старници.

Детскиот џагор, детската насмевка, палавите детски очиња, секогаш се добредојдени во библиотеката.Се поставија и безброј интересни прашања поврзани со меѓународниот ден на детето.

Дел од првачињата се наши членови.За другите искрено посакуваме и се надеваме дека во иднина ќе бидат наши членови.На настанот како гостин беше и советникот за образование при Општина Делчево,Ванчо Новоселски.

Одлука за прогласување на 1 јуни за меѓународен ден на детето е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Конвенцијата за правата на детето е важен цивилизациски исчекор и клучен документ.

Обединетите нации во 1989 година ја усвоија Конвенцијата за правата на детето и со тоа заштитата на децата на меѓународно ниво го доби најзначајниот акт за заштитата на децата како документ кој е има најголем број на ратификации од државите, декларијаќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата, осебено изразени со конвенциските одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности, како и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование социјална заштита.

Во 1993 година Конвенцијата беше ратификувана и од Република Македонија, а во 2003 година следеше ратификацијата на двата факултативни протоколи. Со ратификацијата на Конвенцијата и на нејзините факултативни протоколи, Владата на Република Македонија се обврза да обезбеди исполнување и заштита на правата на децата.