Во паркот пред ЈЛБ„Илинден“-Делчлево, се одржа прват летна, детска работилница „Летни лудории“,на која учествуваат 21 дете и која собра насмеани детски лица, љубопитност, забава и игра.
Децата поделени во 2 тима се натпреваруваа во 5 игрички, користејќи топки,вода, вреќа,и спортски реквизити.
Работилницата беше вистинско уживање исполнето со смеење,нови пријателства, и инспирација, каде најмладите покажаа колку имагинацијата може да биде безгранична.
Работилницата беше со натпреварувачки дух но резултатот беше 5:5
Сите дечиња од библиотеката на крајот добија благодарнички за учество.
Со оваа активност библиотеката продолжува со својата мисија покрај книгите, да биде и место на радост, учење, натпреварување и култура за сите генерации.