И оваа учебна година, во библиотеката дојдоа многу ученици, реализиравме многу настани и работилници.Заедно со учениците и наставниците одбележавме многу значајни настани и датуми. Многу стихови, прашања, насмевки, возбуда и радост. И така, весело, креативно и мотивирано, стигнавме до крајот на учебната година.
Во чест на летниот распуст за учениците и за збогум на учебната година, во паркот пред библиотеката, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, заедно со второоделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“, реализираше работилница на тема„Лето“.
Зборувавме за летото, кој какви планови има за летниот распуст, ќе се читаат ли лектирите и по што учениците ќе ја паметат учебната година која заврши.
Тие ни донесоа прекрасни цртежи на тема „Лето“ и истите ги излоиживме на влезот од библиотеката. Сите сограѓани кои поминуваат од тука, или шетаа во градскиот парк, ќе имаат можност да подзастанат и да ја разгледаат изложбата. Благодарност до учениците кои се на прагот од третото одделение и нивните наставнички Александра, Ели и Мимица.
ЈЛБ„Илинден“ на сите ученици им посакува убав, весел, разигран и незаборавен летен одмор.
На сите наставници и директорите на училиштата и детската градинка, од срце им благодариме за соработката во текот на целата учебна година.