ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја продолжува својата традиција на поддршка и поттикнување на младите таленти, наградувајќи ги учениците првенци на генерација.
И годинава со скромен, но значаен подарок-книга- им оддадовме признание за нивниот труд, успех и посветеност.Ова е мал симбол на верба дека знаењето е најголемата награда и дека секој успех заслужува да биде проследен со нова страница на читање и нова мотивација за идни успеси.
Наши гости беа Бојана Стојковска Божиновска, првенец на генерација 2016-2025 од ООУ„Ванчо Прке“ и Тамара Тошевска,првенец на генерација 2016-2025 од ООУ„Св.Климент Охридски“
Им посакуваме многу успех во иднина!