Во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, одржана работилница на тема„Од идеа до филм“ , со учениците од осмо и девето одделение при ООУ„Ванчо Прке“ со наставничката Ирена Телетнска, наставник по Граѓанско образование и наставничката Билјана Стоиловска, наставник по Македонски јазик.
На наше задоволство, наш гостин и реализатор на работилницата беше Андреј Илиевски, наш сограѓанин, кој успешно ја гради својата кариера како режисер.Зад себе ги има филмови „Змија“ и „Коливо“, за кои доби безброј награди и признанија, кај нас и во светот.
Учениците од осмо и деветто одделение имаат наставна единица за уметноста,конкретно за филмот , па работилницата беше и нивни час, на кои од близку, се запознаа со тоа како се режира еден филм.
Андреј Илиевски на многу сликовит начин ни го објасни процесот од идеја до филм.
Поставени беа и многу интересни прашања од страна на учениците, со што тие покажаа интерес за начинот на кој се снима и режира еден филм.
Едукативно, образовно, интересно.Работилница која учениците ќе ја паметат.
Огромна благодарност до Андреј, кој и покрај обврските со снимање на нова документарна серија„Радиус“,која се емитува на МРТВ, сепак одвои време и енергија, при посетата на родниот град, да ја одржи оваа работилница и да биде наш гостин.