На 10 Јуни, се одбележува Денот на културата-ден посветен на афирмацијата,негувањето и развојот на културните вредности.Овој ден е потсетник за богатото културно наследство,уметничко творештво и духовната сила што ги обликуваат нашиот идентитет и општество.
Културата е жив мост меѓу минатото, сегашноста и иднината.Таа се изразува низ книжевноста, уметноста, јазикот, обичаите, музиката и сите форми на креативност што ги облагородуваат животите на луѓето.
Овој ден е можност да им оддадеме признание на културните работници, уметниците и сите што допринесуваат кон зачувување и промовирање на културата.
Во чест на Денот на културата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево на најмалите наши читатели кои први ја посетија библиотеката и изнајмија книга,Јоана, Мила, Војдан,Сара и Андреј им подари сликовници.Библиотеката со тој мал гест, само сака да покаже дека продолжува да го негува културното богатство, да ја промовира книгата, читањето, и да ги мотивира и најмалите да ја сакаат книгата , да сакаат да читаат, да посетуваат и почитуваат библиотека како дел од културата.
Да продолжиме да ја негуваме културата, како симбол на нашето постоење и како темел за идните генерации.