Иселеници од Австралија донираа книги на ЈЛБ„Илинден“- Делчево.

 ЈЛБ„Илинден“-Делчево,  е побогата за уште околу 200 наслови,книги на англиски јазик.Ова е донација од наши сограѓани иселеници, Кире и Виолета Атанасовски, кои веќе 20 години живеат во Мелбурн,Австралија.

Станува збор за сосема нови книги купени во Австралија и испратени на ЈЛБ„Илинден“- Делчево.

Од име на библиотеката, огромна благодарност до Атанасовски, се надеваме дека кога ќе дојдат во родното Делчево, ќе ја посетат нашата библиотека, ќе поразговараме и лично ќе им се заблагодариме за оваа донација.

Овие книги на англиски јазик се голема радост за сите во библиотеката а особено за нашите помлади членови кои сакаат да читаат на англиски јазик.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *