Доделени наградите од литературниот конкурс “Гоце Наша Звезда Водилка”

ЈЛБ„Илинден“ во соработка со КУД„Гоце Делчев“ а под покровителство на општина Делчево, по повод одбележувањето на 120 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, распиша регионален литературен конкурс на тема „Гоце-наша звезда водилка“.

Денеска во читалната на библиотеката се одржа литературно дружење во учесниците во овој конкурс од Делчево, иако ни пристигнаа творби и од Пехчево и Берово, но од оправдани причина не можеа да присуствуваа на оваа наше денешно дружење.

Третото место и припадна на Сара Чипевска – библиотека „Народна просвета“ – Берово.

Второ место за Јелица Јовевска – матична библиотека „Кочо Рацин“-Пехчево

И првото место го поделија три учеснички на конкуресот, то се: Андреа Димитровска, Сара Ангелова и Искра Георгиевска.

Дел од учесниците на конкурсот чии творби беа навистина добри а не се наградени, од ЈЛБ„Илинден“, добија благодарници и подарок книга.

Честитки до сите!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *