Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.
Во рамки на одбележувањето на месецот на книгата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, денеска ги посети подрачните училишта на ООУ„ВанчоПрке“, во Ѕвегор и Габрово и на сите ученици им подели бесплатни членски карти. Оние ученици кои веќе се наши членови, бесплатниот број во библиотеката ќе им важи од следната година.
Децата се најомилените наши членови и секогаш се радуваме кога ќе дојдат во библиотеката. Изборот на детска литература е голем.
Читањето е одличен начин за развивање на креативноста како кај малите децата како и кај возрасните бидејќи му дозволува на мозокот да се ослободи од стегите на реалноста и да и дозволи на креативноста да излезе на површина.
Ги очекуваме учениците од двете подрачни училишта во најскоро време да бидат наши гости и ние да ги до чекаме со иста радост, возбуда и убави моменти.