Во ЈЛБ„Илинден“ најмалите промовираа сликовница

Во ЈЛБ„Илинден“- Делчево,10 дечиња кои беа наши гости продефилираа на нашата книжна писта, претставувајки сликовници кои можете да ги изнајмите од библиотеката, а убаво би било да им се прочитаат на децата или заедно со вашите деца да ги читате овие убави сликовници.
Андреа ви ја претставува „Преиказна за дедо Мраз“
Теон сака да ја прочитате„Пинокио“
Ева ви ја претставува„Принцезата на трошка од кифла“
Бојан ви ја претставува„Приказни за добра ноќ“
Ванеса сака да ја прочитате„101 приказна за животните“
Дамјан ви ја претставува„Вонземјанинот Оли“
Миа пак сака да ја прочитате„Во светот на бајките“
Јован ви ја претставува„Најубавите светски бајки“
Кирјана ви ја претставува„Волшебната шума“
Слободанчо сака да ја прочитате„Палавкото кравче Каролина“
Ова е првата активност на библиотеката во 2024 година. Новата година ја започнавме со нашите најмали и најмили, не постои поубав начин за старт на активностите на библиотеката.
Благодарност до сите дечиња и до нивните мајки, што беа дел од оваа активност.
Сликовницата е најчесто првата книга со која се среќава секое детенце. Учењето нови зборови, збогатувањето на вокабуларот, разбирањето на прочитаното, запознавањето со јазикот, подобрите комуникациски вештини, поголемата самодоверба, се само некои од предностите што ги носи читањето на сликовниците.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *