Работиолница на тема „Дали кравата е шумско а волкот домашно животно“

„Дали кравата е шумско, а волкот домашно животно“беше темата на работилницата која ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја реализираше со дечиња на возраст до 10 години.Големо благодарам до сите дечиња кои и покрај тоа што се на зимски распуст, денес беа во библиотеката и беа дел од работилницата.
На работилницата, децата најпрво имаа за задача да нацртаат и обојат домашно или шумско животно,потоа сите цртежи со животни беа поделени на домашни и шумски и истите беа изложени во читалната на библиотеката.На импровизирана „штала“ децата исто така ставија слики од домашни и шумски животни, разговарајки за тоа каде живеат шумските животни и што добиваме од домашните животни.Се читаа сликовници и детска литература посветена на животните.
Беше убаво, креативно,мотивирано и забавно, а сето тоа надополнето со шаренило, насмевки и детски џагор.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *