По повод јубилејот 150 години Разловечко востание, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, распиша литературен конкурс на тема „150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Мекедонија“.
Конкурсот беше наменет за ученици и воздрасни граѓани. Комисијата за избор во која членуваа наставници по македонски јазик од двете основни училишта во градот, награди тројца учесници на конкурсот. Наградите ќе ги доделам јас, како директор на библиотеката.
Диплома за најдобра творба од ООУ„Св.Климент Охридски“ добива Максим Стефановски 9-3 одделение
Диплома за најдобра творба од ООУ„Ванчо Прке“ добива Михаела Стоименовска 7 одделение.
И во категоријата возрасни, диплома за најдобра творба добива Влатко Ситновски.



