Преку работилница, промовирана книгата „Бонтон за деца“

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево организираше едукативна и забавна работилница на тема: Бонтон – зошто е тоа важно?“

Сакајќи да ја промовираме книгата „Бонтон за деца“, подготвена од Наум Попески, старо издание на книга од 1992 година, со содржини кои денес тешко можат да се најдат и прочитаат, преку игра, разговори, креативни активности, најмалите имаа можност да научат што значи убаво однесување, почит и културата во секојдневниот живот.

На оваа практична промоција на „Бонтон за деца“, учествуваат учениците од IV- 1 одделение при ООУ„Ванчо Прке“- Делчево, со наставничките Елизабета Џабирска и Катерина Ивановска.

Во библиотеката , учениците имаа еден поинаков час по физичко воспитување. Часот започна загревајќи се со: Добро утро, може ли да влезам, се извинувам што доцнам. Продолживме со убаво однесување кон стари лица, дами, бремени жени и сл. А , часот заврши со: Довидување, ви бладодариме, ни беше убаво. Учениците се запознаа со тоа дека на старо лице, изнемоштено и болно, треба да му се помогне да ја помине улицата, да му се помогне ако носи полни торби. Дека ако сме на кино или во парк, и има бремена жена а нема каде да седне , треба да се стане и да се ослободи столче за неа. Дека кога се прозеваме треба да ја ставиме раката преку уста и слично.

Почестени сме што на овој интересен час по физичко воспитување присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево , Иван Гоцевски, кој со своето внимание и поддршка уште еднаш покажа дека вистинските вредности започнуваат од најмалите.Неговото присуство повторно беше пример за почит кон културата, образованието и воспитувањето.Благодарни сме што со своето присуство ја збогати оваа наша активност.

Бонтонот не е само збир на правила, тој е темел на човековата комуникација, почитување и разбирање. Учењето на убавото однесување од најрана возрадст им помага на децата да изградат самодоверба, да развијат емпатија и да создадат здрави односи со луѓето околу себе. Малите навики како „те молам“, „благодарам“ , „извини“ или „добар ден“ се првите чекори кон големи вредности.

Ова беше убава и несекојдневна промоција на катеринаа, која секое дете но и родител, треба да ја прочита.Благодарност до наставничките Бети и кате и до сите дечиња кои денес беа наши гости.

Ги очекуваме и другите четвртооделенци од ООУ„Ванчо Прке“ да ни гостуваат промоцијата на детскиот бонтон.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *