Да се прашаме, зар постои нешто почисто и посвето од детската солза која моли, од детската насмевка која облагородува, од детскиот ѕвонлив глас кој ја грее човечката душа!? Затоа наша мисија е да ги направиме децата среќни не само денес, туку секој ден, секој миг, секогаш… Секое дете заслужува среќа. Зар има нешто поубаво од детската насмевка и радост?!
Денес го одбележуваме 1 јуни, меѓународниот ден на детето. По тој повод, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денес беше исполнета со детска насмевка, боја и креативност.
Во паркот пред библиотеката, дечињата од детската градинка „Весели цветови“со нвоспитувачките Марија, Весна, Даниела и Марија, цртаа омилени ликови од сликовниците кои библиотеката ги изложи во градскиот парк. Дечињата преку своите цртежи ни го покажаа светот на детската фантазија и радост.
Со вакви активности библиотеката и детската градинка, заедно ја негуваат љубовта кон децата, книгата, уметноста и детската креативност уште од најмала возраст.
Во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток за подобрување на животот на најмладите. Целта на одбележувањето на овој ден е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, кои треба да ги почитуваме. Детската среќа и иднина зависи од сите нас.
Нека е среќен 1 јуни – Денот на детето!
„ЕДНАШ СИТЕ НИЕ БЕВМЕ ДЕЦА, И НИЕ ТРЕБА ДА ЈА ДЕЛИМЕ ИСТАТА ЖЕЛБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДОБРОБИТОТ НА НАШИТЕ ДЕЦА. ТОА БЕШЕ И ЌЕ ОСТАНЕ УНИВЕРЗАЛНА АСПИРАЦИЈА НА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО“.









