„Тивките хероини меѓу нас“

Настанот кој го реализираше ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, беше насловен: „Тивките хероини меѓу нас“, посветен на жената – не на совршената жена, туку на вистинската жена.

На жената која се буди уморна, а сепак продолжува.На жената која плаче тивко, а пред светот стои исправено.На жената која работи, создава, воспитува, се бори паѓа и повторно станува.

Не зборувавме за идеален живот. Туку за храброста. За силата што се раѓа во најтешките моменти. За љубовта што една мајка ја носи. За жените кои успеваат во професијата, но и за оние кои секој ден победуваат животни битки што никој не ги гледа.Сите жени кои беа дел од овој настан , носи различна приказна, но сите имаат нешто заедничко- не се откажале и не се откажуваат.

Со нас беа жени кои успеале да изградат успешни кариери и останале пример за посветеност, достоинствои и човечност. Мајки кои животот ги ставил пред најтешката битка- борба за здравјето на своето дете. Но низ таа борба покажале што значи безусловна љубов и сила. Самохрани мајки кои секојдневно носат мајчинска нежност и животна храброст. Мајки на три деца кои ни покажуваат дела љубовта не се дели туку се множи.

Своја кратка приказна за тоа од каде црпат енегрија и наоѓаат сила пред присутните , меѓу кои беше и градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски,ни кажаа неколку тивни хероини од нашиот град, д-р.Билјана Геогриевска-психијатар, д-р.Стефанија Атанасова Јовановски – гиниколог, Даниела Такева, Драгана Крстевска, Сунчица Димитровска и Винка Мирчевска Прауловиќ, на кои од име на библиотеката бескрајно им благодариме што пред сите нас ја отворија својата душа.

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и се уште оставаат траен белег во нашиот град, подготви изложба на фотографии. Со тоа сакаме да им оддадеме почит на жените кои инспирираат, создаваат, се борат и оставаат трага во Делчево. Свесни сме дека Делчево имало и има многу жени кои заслужуваат да бидат дел од таа изложба, меѓутоа, за почеток направивме само 14 фотографии, понатаму ќе го зголемуваме бројот на слики кои ќе бидат дел од таа изложба.

Во читалната на библиотеката ќе бидат сликите на Блага Симеонова – првата бабица во Делчево, Милка Такева Грегориевиќ – македонски политиколог, д-р Милка Христова- пратеничка во Собранието на Македонија, Елена Сумрачка од Разловци- жена од народот за народот, д-р Виолета Арсова – педијатар, Николина Попчева – јавен обвинител, Љубица Гоцевска – меѓу првите професионални новинари во општината, Душка Сугарева – прва жена секретар на Општина Делчево, Славица Гугучевска – прва жена директор кај нас, Десанка Атанасова – доајенот на делчевското новинарство, Слободанка Бока Аврамовска – првата аптекарка, Милица Тасева – првата заболекарка, Лилјана Ивановска- првата библиотекарка и Мира Стојчевска – пратеничка во Собранието на Македонија.

Кон крајот на летото, ЈЛБ„Илинден“ планира да го зголеми бројот на фотографии од наши тивки хероини.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *