Таблет

ЈЛБ„Илинден“ одлучи парите предвидени за новогодишен рекламен материјал да ги пренамени и со тиа пари да купиме таблет на ученик чии што родители не се во можност да му купат за да ја следи on-line наставата.

Искрено се надеваме дека нашите пријатели,соработници,членови на Управен Одбор, нашите читатели нема да ни се налутат што оваа година за нова година од библиотеката како подарок ќе добијат обично пенкалце,затоа што сакаме да направиме едно поубаво и хумано дело.Ние не знаеме кај кој ученик ќе отиде овој таблет,тоа воопшто и не ни е важно, ќе го однесеме во ООУ„Ванчо Прке“,наставниците таму најдобро знаат од оние деца кои немаат услови да следат on-line настава,кој ученик најмногу ќе му се израдува и кој најдобро ќе го искористи.