3ти Декември

По повод трети декември,Светскиот ден на лицата со посебни потреби,а во рамки на неделата на хуманоста,денес во библиотеката е Лаура Даневска,и таа ќе помогне во работењето на библиотекарите од првата смена.

Лаура е девојче со Даунов синдром,многу мила и полна љубов и позитивна енергија.Со тоа што Лаура накратко ќе поработи како библиотекар, сакаме да покажеме дека и покрај различностите сите сме исти.И дека со многу љубов и трпение сите можеме да се чувствуваме корисни членови на ова општество.

Мораме да ги победиме предрасудите дека лицата со Даунов синдром,не можат да постигнуваат резултати.Напротив, можеби побавно ги совадуваат вештините но постигнуваат резултати и во образованието,уметноста, спортот.И зошто еден ден Лаура да не биде библиотекар, и зошто да не биде иста како сите вработени во било која институција каде може да ги извршува работните активности.

По повод Светскиот ден на лицата сопосебни потреби,ЈЛБ„Илинден“,упатува порака до сите кои мислт дека тие лица не треба да се интегрираат во оштеството,не мислете погрешно,мислете со срце!