Светски ден на мајчиниот јазик

Треба да се знае како прво:
ние не сме без корен дрво
имаме свое, македонско семе,
имаме јазик од дамнешно време.

Убави стихови со кои денеска ЈЛБ„Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот го започна одбележувањето на светскиот ден на мајчиниот јазик.Блаже Конески рекол „Нашиот јазик е нашата вистинска татковина“ – исказ кој треба да биде водилка за секој од нас.

Јазикот е нашето најголемо духовно културно наследство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето, зашто нашите предци во мошне тешки и неповолни историски околности се изборија за правото на употреба на својот јазик, за докажување на неговата посебност. Младите генерации, учениците, треба да се запознаваат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик. Јазикот е најголемо културно наследство и треба да се развива свеста кај младите генерации за негово зачувување.

М.Aндреевски, рекол:„без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“.Ова треба да остане вечна поука и порака до сите нас.

По повод светскиот ден на мајчиниот јазик ЈЛБ„Илинден“, распиша конкурс на тема„Јазикот е мојата татковина“.Ни пристигнаа творби и од двете основни училишта во градот.Сите се прекрасни, но моравме да избереме три најдобри во проза и три најдобри поезија.

Еве кои се наградени:

ПРОЗА

1 место Андреа Димитровска, ментор-Веска Спасевска
2 место Ангела Џаџовска, ментор –Валентина Даневска ПУ Разловци
3 место Анастасија Димитровска, ментор Даниела Сумрачка

ПОЕЗИЈА

1 место Ева Ивановска, ментор Весна Ивановска
2 место Сара Ангелова, ментор Милка Стоилкова
2 место Андреа Мирчевска, ментор-Цветанка Петровска
2 место Елена Алексова, ментор-Милка Стоилкова
3 место Кети Џаџовска, менторВалентина Даневска ПУ Разловци
3 место Стефанија Тодоровска, ментор Габриела Димитровска

Честитки до сите наградени ученици, нека продолжат да творат ,блгодарност до менторите, односно сите наставници по македонски јазик од двете основни училишта во градот за несебишната поддршка и за добрата соработка.

На крајот од нашето дружење кратка презентација на тема мајчин јазик имаше Леонтина Вирчанска, ученичка во ООУ„Ванчо Прке“.