8-ми Март

  „Жените не се само бројки,ниту процент“ е мотото под кое денеска ЈЛБ„Илинден“, Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при општина Делчево, и Советот за социјална заштита при општина Делчево, го одбележаа меѓународниот ден на жената 8 март.

Биљана Петровска, директор на ЈЛБ”Илинден”, Сузана Петровска, координатор на Комисијата за еднакви можности, Маријана Стојменовска, председател на Советот за социјална заштита и Весна Димитровска, професор и член на Советот за социјална заштита,зборувавме за родовата еднаковост помеѓу мажите и жените, жената во јавните политики и воопшто улогата на жената во општеството. На овие теми не се зборува само на 8 март,туку се зборува, работи и дејствува секој ден, но ние сепак одлучивме дека со овие теми на најдобар начин ќе го одбележиме денот на жената, 8 март.

ЈЛБ„Илинден“ можеби нема директна поврзаност со овие теми и не работи на нив, но ако се земе во предвид фактот дека од вкупно 580 членови, 450 се жени, тогаш чувствуваме потреба гласно да размислиме толку на овие теми. Библиотеката и понатаму дава поддршка на Советот , Комисијата, но и на сите проекти, иницијативи, било какви настани и случувања кои ја третираат родовата еднаквост, и улогата на жената во јавните политики.

Од име на ЈЛБ„Илинден“, на сите припаднички на понежниот пол, Честит 8 март меѓународниот ден на жената, да сме живи и здрави и никогаш да не заборавиме, ние сме тие што до создаваат и движат светот, светот без нас не може.