2-ри Април ден на Литературата за Децата

Дали се сеќавате која книга ви била омилена кога сте биле дете?Дали сеуште се сеќавате на убавите сликовници од вашето детство?

Денеска е вистински ден да се потсетиме на книгите од нашето детство, да купиме или изнајмиме книга за нашите најмали.Денес се одбележува светскиот ден на литературата за деца .А да се твори за децата е огромна одговорност.Денес слават и авторите и илустраторите на книгите за деца.Славиме и сите ние кои сакаме љубовта кон пишаниот збор да ја пренесеме на децата.

По повод 2 април светскиот ден на литературата за деца, ЈЛБ„Илинден“ на учениците од прво одделение од ООУ„Ванчо Прке“ им подари сликовници и боенки.Убаво е кога се дружиме со децата и кога уживаме во нивните убави и искрени насмевки.