Стела

Најновата активност на граѓанската организација „Стела“ е „Сподели авторка“ каде донираат книги на македонски, албански и англиски јазик во библиотеки низ земјата, со цел да се зголеми читањето на литература напишана од жени.

Навистина ми е многу мило што ЈЛБ„Илинден“ е една од библиотеките каде „Стела“ ќе донира 30 книги.Им благодариме и се надеваме на идна соработка.Сето тоа морам да споменам го организиравме преку координаторот за еднакви можности при Општина Делчево,Сузана Петровска.

Книгите од како ќе бидат обработени ќе се најдат на полиците на библиотеката и ќе бидат достапни до сите наши читатели.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Станува збор за женска мрежа брои околу 100 жени менторки од најразлични области, каде млади девојки и жени може да се обратат за бесплатно менторирање во градење на кариерата во најразлични области.