По повод детската недела, ЈЛБ„Илинден“,на дечињата од детската градинка „Весели цветови“ им подари сликовници.Тогаш се договоривме, дечињата пак, да создадат своја сликовница која ќе ја подарат на библиотката.Пандемијата како и многу други наши активности и оваа, некако ја стави во мирување, но еве денес сликовниците се во нашата библиотека. Заради заштита од вирусот и здравјето на дечињата, сликовниците ги донесоа воспитувачите од детската градинка„Весели цветови“ заедно со директорката Билјана Симовска.
Овие сликовници премногу ни значат и се многу вредни затоа што се направени од вредните детски рачиња и се полни љубов и креативност.
На библиотеката и недостасуваат детскиот џагор, детските насмевки и муабети, да помине оваа пандемија па да можеме повторно да се дружиме често и да реализираме многу активности.
ЈЛБ„Илинден“ упатува голема благодарност до детската градинка „Весели цветови“,се надеваме дека ќе продолжиме да соработуваме и понатаму, дотогаш да се чуваме и да останеме во добро здравје сите!