Дел од богатиот книжевен фонд на проф.Драган Арсов

Еден од оние наши сограѓани кои во својот дом имаат големи и богати библиотеки ,беше покојниот професор Драган Арсов.По неговата смрт,неговата фамилија одлучи дел од богатиот книжевен фонд,кој брои околу 2000 книги, да го подари на ЈЛБ”Илинден”.Тоа се книги кои се вистинско богатство и кои библиотеката вреди и треба да ги има.Има и стари изданија кои во денешно време тешко можат да се најдат.Од име на ЈЛБ”Илинден”,огромно благодарам.