„Подвижна читална“ – Заеднички проект на ЈЛВ Илинден и двете основни училишта во Делчево

ЈЛБ„Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот, планира да реализира една идеја или активност, насловена како „подвижна читална“.Која ни е целта? Библиотеката ги има сите лектири кои ќе се обработуваат оваа учебна година.Ќе ги издаваме на сите ученици без разлика дали се наши членови или не се наши членови.Учениците ќе треба заедно, дали во градскиот парк, училишен двор или било каде на отворен простор, да ги читаат лектирите, да ги раскажуваат, да сподеуваат мислења, односно заедно да ги обработуваат лектирите.

Доклолку се покаже дека има интерес, ќе се вклучат и наставници кои ќе им помогнат во обработката на лектирите, а може и волонтерски да одржат час студенти или дипломирани невработени наставници. Денес ова е само најава, доколку има интерес од страна на учениците, се друго лесно и брзо ќе го организираме и реализираме, затоа што библиотеката има одлична соработка со двете основни училишта во градот