Читател на летото

По втор пат, ЈЛБ„Илинден“, избира читател на летото. Морам да кажам дека и оваа лето библиотеката беше посетена, од нашите редовни читатели но оваа лето имаме и доста нови членови.

И ова лето избравме читатели на летото на различна возраст.Од најмалите тоа се :Јосиф и Лина Манови, потоа Ангела Петровска и од повозрасните наши членови тоа е Сухејла Мингарова од Град.Честитки до сите нив. Посакуваме и потамату да бидат наши редовни читатели.

Инаку, ова лето најбарани се сите најнови изданија, се од Лусинда Рајли, Тес Геритсен, и Лиса Клејпас.Од насловите би ги издвоиле,„Шефот од соништата“, „Ѕвончиња во снегот“, „Чиракот“,„Јужњакот со сини очи“.

Од лектирите, најбарани ова лето се:„Бегалка“, „Том Соер“,„Доктор Офболи“, а средношколците најмногу го читаа Достоевски.