Детски книги – Пиши Бриши, на полиците на ЈЛБ Илинден

 ЈЛБ„Илинден“ги набави двете книги на нашата сограѓанка,логопед во ОЈУДГ„Весели цветови“, Сања Стојковски,„Броеви до 10-пиши бриши“ и „Графомоторика“.Многу пати до сега дечињата сакале да ги изнајмат боенките кои ги имаме , но тие не се изнесуваат надвор од библиотека,еве сега овие две книги ќе можат да ги изнајмат и да пишуваат во нив, затоа што во нив може да се пишува, да се греши, да се избрише и да се научи.Дечињата ги изнајмуваат книгите, пишуваат во нив, но страниците се пластифицирани, па кога завршат, со влажно марамче се брише се, и се враќа книгата во библиотеката.

Има жени премногу амбициозни,упорни,креативни,кои сакаат да работат со дечиња,да им помагаат,да им стават насмевка на лице и радост во очиња…Сања е една од нив.Ова не се последни нејзини изданија,таа продолжува да твори и создава.ЈЛБ”Илинден”ги поддржува сите нејзини творечки активности.

Нека учењето биде игра, а доаѓањето во библиотеката радост!

Дечиња, ве очекуваме!