Манастирите и Црквите од Пијанец

  Благодарение на нашата сограѓанка и наша читателка,Лимонка Арсова, ЈЛБ„Илинден“ дојде до уште едно прекрасно дело на нашиот покоен роднокраен автор Драган Арсов.Станува збор за делото „Црквите и манастирите во Делчевско“ , дело за кое Драган Арсов и Софрон Ѓеоргиевски, долго време собирале податоци кои тешко можат да се соберат и најдат,но за жал книгата останала не објавена.

ЈЛБ„Илинден“, ја комплетира скриптата ја испечативме и како скрипта ќе ја издаваме на нашите читатели, а ќе се потрудиме следната година и да ја издадена како книга.

Оваа публикација е прва од ваков вид во делчевско, се прави кус преглед на црквите манастирите од раното христијанство до денеска.

Во книгата се срекаваат податоци за кои малкумина знаеме,како на пример дека во грамадата на Василиј 2, издадена во 1019 година cе зборува за црковниот живот во Пијанец.Се зборува за локалитетот градиште во с.Град, според археолошката карта таму имало населба уште во 3 век п.н.е,која во римско време прераснала во населба.Се објаснува за населба и некропола од доцното античко време во Црквенец. Потоа за остатоците од ранохристијанска цркава во село Киселица,или за гратче-тврдина, сегашно Звегор кои датира од 3 век, за двете ранохристијански цркви во Стар Истевник.

Публикацијата содражи навистина многу вредни податоци за црквите кај нас со кои ние како делчевчани треба не само да се гордееме туку да се пофалиме пред светот.Истите тие можат да послужат за понатамошн истражување во црковното минато на Пијанец.

Публикацијата содржи податоци за забележаните христијански цркви и манастири во Пијанец од раното христијанство до денес.За постојните цркви и манастири, според податоците, се бележи од кога датираат, кои се ктиторите, кој ги живописувал и во кое време, кога се рушени и обновувани.

Публикацијата зборува за црквите и манастирите во Делчево(Царево село), во Град, Црквенец, Селник,Драмче, Кселица,Тработивиште,Ѕвегор,Илиово, разловциСтар Истевник, Вирче,Бигла, Очипала,Драмче,Косово Дабје, за хрисијанските собори и собири. Во Археолошката карта на Македонија се регистрирани 12 ранохристијански цркви на просторот на Делчевската општина, а на археолошката карта на Делчевска општина од 1978 г. се забележани 12 населби со ранохристијански цркви и некрополи.

За овој прекрасен подарок од Лимонка Арсова, библиотеката искрено и јавно се заблагодарува.

Овој вид на промоција или реклама на книгата го правиме во рамки на одбележувањето на месецот на книгата-месец октомври.