Месец Октомври – Месец на книгата

По повод месец октомври, месецот на книгата, ЈЛБ„Илинден“,распиша конкурс на тема:„Сабји нека ти бидат мислите, а книгата целта“.Ни пристигнаа прекрасни творби и поезија и проза и од двете основни училишта во градот,библиотекарите и овој пат имаа тешка задача да изберат од добрите-најдобри.Избравме 3 најдобри творби поезија и три проза.Наградени се

Проза:

1 место- Сара Ангелова, ментор Милка Стоилкова

2 место- Ана Стоименовска, ментор Веска Спасевска

3 место- Ива Цонева, ментор Веска Спасевска

Поезија:

1 место- Јана Попова, ментор Билјана Стоиловска

2 место- Ева Георгиева, ментор Билјана Стоиловска

3 место- Ерика Ѓеорѓиевска, ментор Билјана Стоилковска

Честитки до сите нив и до нивните ментори, како библиотека, се надеваме и посакуваме и понатаму да имаме добра соработка со основните училишта во градот, со наставниците по македонски јазик и секако со сите ученици кои го сакаат убавиот пишан збор и сакаат да творат.