„ЈЛВ Илинден“ избра и награди топ 5 мажи – најчитатели во библиотеката

По традиција на денот на жената им подаруваме книги на нашите најредовни читателки.Многумина пак , не прашуваат дали имаме мажи читатели и колку читаат мажите.Од тие причини,ЈЛБ„Илинден“ одлучи да награди 5 топ мажи-читатели во ЈЛБ„Илинден“.Тоа се Кирчо Јовановски, Горан Стоименовски,Петар Златквски,Зоран Николовски и Сашко Пановски.Честитки до сите нив.Тоа се наши читатели што точно знаат што сакаат да читаат или читаат се што ќе им понуди библиотеката.

Сето ова го правиме како мотивација да почнат сите мажи да читаат,книгата не познава пол, а ако еднаш ја осетиш маѓијата на читањето,секогаш ќе читаш.Иато така , нека биде и мотивација за жените, и тие  да читаат , да не дозволиме мажите да мислат дека се посилен пол и во читањето.

Библиотеката за прв пат ја воведува оваа награда или номинација топ 5 мажи-најчитатели и нека тоа прерасне во традиција.