Новогодишни пакетчиња и сликовници за дечињата од детската градинка во с.Разловци

ЈЛБ„Илинден“ ја реализира својата последна активност за оваа 2021 година.
Jа посетивме детската градинка во с.Разловци.Моментално во градинката престојуваат седум дечиња за кои искрено се надеваме и посакуваме еден ден да бидат наши членови. Затоа што вработените во библиотеката за прв пат ја посетуваат оваа прва отворена градинка во рурална средина кај нас, на сите дечиња им подаривме новогодишни пакетчиња и неколку сликовници и книги за деца.Се надеваме дека кога ќе имаат слободно време ќе уживаат во шарените страници од сликовниците и книгите и она што тие го раскажуваат. Со дечињата од оваа градинка се договоривме кога ќе помине зимата да бидат наши гости и да видат и разгледаат со каква детска литература располага нашата библиотека.
Детската насмевка и сјајот во детските очиња се најубавото нешто. А нема поубаво чувство да направиш некого среќен ,особено дете.
Се дружиме и соработуваме со детската градинка „Весели цветови“ и во новата 2022 година.