ЈЛБ „Илинден“ додели благодарници на цитатели кои донираа најголем број на книги во библиотеката

Делчевци даруваат книги во делчевската библиотека
Уникатни изданија на стари ретки наслови, но и добро сочувани лектири се донираат од граѓани на ЈЛБ „Илинден“. Граѓаните воведоа нова практика и книгите кои не им се потребни или немаат услови соодветно да ги чуваат, ги даруваат на делчевската јавна библиотека со што библиотеката добива ново богатство со наслови. Во ЈЛБ „Илинден“,на подарок се добиени историски книги, стари изданија кои не можат да се најдат денес, но и лектирни изданија во многу добра состојба.
Наш сограѓанин ни подари комплет книги”Грчика вештица” кои наши читатели ги бараа подолго време, но не можевме никаде да ги најдеме, да ги купиме, а се издадени на хрватски јазик во 1985 г. Тие книги, сега се бараат многу и многу ни е мило што дојдовме до нив. Јавно се заблагодаруваме на Лилјана Котевска, Лимонка Арсовска, Александар и Сара Лазаревски и Славица Стојчевска. Воедно, апелираме до сите граѓани, доколку имаат дома книги што не ги користат или им зафаќаат простор, слободно да ги донесат во библиотеката, да не ги фрлаат, затоа што во библиотеката сигурно секоја книга ќе си најде свој читател.