Активности на „ЈЛБ“ Илинден – По повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев,Општина Делчево, и КУД„Гоце Делчев“ ќе организира повеќе активности под мотото „Делчево – во чест на Великанот Гоце Делчев“.Кон одбележувањето се приклучува и ЈЛБ„Илинден“. Библиотеката покрај тоа што заедно со КУД„Гоце Делчев“ распиша награден литературен конкурс , на тема„Гоце-наша ѕвезда водилка“, одлучивме во просториите на библиотеката да изложиме се што како книга имаме и е посветено на животот и делото на Гоце Делчев.Сите наши читатели кои доаѓаат во библиотеката ќе имаат можност да ги разгледаат тие книги.Покрај тоа, направивме еден вид на мини изложба посветена на животот и делото на Гоце Делчев.Сите цртежи на учениците кои се дел од оваа изложба се изложени исто така во просториите на библиотеката и нашите читатели можат да ги погледнат.Сите учесници во изложбата и литературниот конкурс ќе добијат благодарници и подарок од ЈЛБ„Илинден“-Делчево.Дел од цртежите и творбите од литературниот конкурс „Гоце-наша ѕвезда водилка“, ќе бидат претставени и на 4 февруари на свечениот концерт по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.