Одбележан светскиот ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на 21февруари Светскиот ден на мајчиниот јазик,ЈЛБ„Илинден“ подготви еден вид на изложба.За што станува збор,избравме 5 наши автори, преродбеници и 5 современи македонски автори.Со слика, кратка автобиографија,нивното творештво и извадок од нивни дела, поставивме слики во просториите на библиотеката. Сите наши читатели ќе можат да разгледаат, научат,да се потсетат или прочитаат за сите нив.


Македонскиот јазик во првата половина на 19 век се поклопува со просветителството, а тука се: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Теодосиј Синаитски,ние го ставиме и учебникарите Ѓорѓи Пулевски,Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Втората група се современите македонски автори. Во НОБ ,активно учество зеле голем број културни работници, меѓу кои и млади поети. По завршувањето на војната, се појавила првата поетска генерација, што ја сочинуваа: Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески.Ние ги ставивме и Кочо Рацин и Петре М.Андреевски.


Овие слики ги поставивме сега , одбележувајки го светскиот ден на мајчиниот јазик, потоа овие слики ќе останат да ги красат ѕидовите на библиотеката.


Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, треба постојано да се негува, да се зачува чистината на убавиот македонски збор.
Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на еден народ Младите генерации треба да се запознаваат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик.Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на Македонски јазик.