Агенцијата за иселеништво на РСМ донираше книги на ЈЛБ „Илинден“ Делчево

Агенцијата на иселеништво на РСМ, на ЈЛБ„Илинден“-Делчево,донираше книги.Овие вредни наслови остануваа во трајно користење на библиотеката.Од име на ЈЛБ„Илинден“, огромна благодарност до Агенцијата за иселеништво на РСМ,и до директорот на Агенцијата Слободан Близнаковски, за оваа донација. Библитеката од денес има на располагање поголем број на наслови кои ќе бидат достапни на нашаите читатели.


ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, и уште две библиотеки во државата добиваат донација од Агенцијата за иселеништво, што посебно не радува.Чест ние што токму делчевската библиотека е изберена од Агенцијата за иселеништво на РСМ за донација на книги. Книгите во најбрз рок ќе бидат обработени и ќе се најдат на полиците на библиотеката.

Инаку Агенцијата за иселеништво на РСМ во рамките на своите надлежнисти се грижи за зачувувањето и промовирање на литературни творби создадени на македонски јазик, но и дела на странски автори преведени на македонски јазик.