Одбележан светскиот ден на поезијата

Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта и ќе си го средиме домот, училиштето или работното место во чест на денот на екологијата, го прославуваме и Светскиот ден на поезијата.


Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности.


ЈЛБ„Илинден“- Делчево, по повод светскиот ден на поезијата , во просториите на библиотеката изложи збирки поезија на наши роднокрајни автори.Покрај збирките поезија, читателите ќе имаат можност да прочитаа кратка бибографија за роднокрајниот автор но и по една песна која е дел од збирката која е изложена.


Убаво е што Делчево имало и има свои поети кои пишувале , пишуваат и создаваат прекрасни книги, прекрасна поезија.Убаво е што библиотеката има дела од свои роднокрајни автори кои може да ги понуди на своите читатели.
Сите наши читатели кои доаѓаат во библиотеката ќе имаат можност да ја погледнат оваа изложба на збирки поезија на нашите роднокрајни автори, книги кои библиотеката ги има и стојат на располагање на нашите читатели.


Изложивме збирка поезија на вкупно 13 роднокрајни автори.


-„Апокалипса“- Љубчо Георгиевски
-„Вечно жив“-Киро Филиповски
-„Потрага по болот“-Ѓорѓи Џаџов
-„Огледало на мојата младост“-Маја Цврдачка
-„Перцепции“- Перса Стојановска
-„Душа чиста“-Билјана Поповска
-„Градот“- Билјана Начовски
-„Отвори ги вратите“- Сабри Демиров
-„Зад мојот сон“-Васил маневски
-„Под сенката на ветрот“, „Траур“, „Деноноќие“-Стеван Спасевски
-„Помеѓу сонот и јавето“-Христина Деолска
-„Пат и немир“-Спириндон Митевски
-„Самопрегор“, „Бисери душа што греат“- Димитрија Стојчевски


Изложбата ќе трае и во следните неколку денови.
Одлуката токму 21-ви Март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.