Со доаѓањето на пролетта, подарок сликовници за децата од детската градинка

На 22 април, по повод доаѓањето на пролетта, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, на дечињата од детската градинка „Весели цветови“ им подари сликовници,кога ќе имаат слободно време , со нивните воспитувачки и негователки да читаат и да слушнат какви приказни се кријат во нив.


Со доаѓањето на пролетта доаѓа сонцето, цвеќињата, радоста.За нас, дечињата се најсилното сонце, најубавите цветови и најголемата радост. Затоа дечата ја заслужуваат сета убавина на светот, сите подароци на светот.
Ние вработените во библиотеката, се надеваме дека на децата од детската градинка, ќе им се допаднат сликовиците и ќе уживаат додека им читаат од нив.

И оваа пролет да си подариме, да си помогнеме, да се дружиме и соработуваме!