Донација на книги во клонот во М.Каменица

Убаво е кога можеме да си подариме, помогнеме, да соработуваме .

ЈЛБ„Илинден“-Делчево,  упатува јавна благодарност до сите учесници во акцијата„Дарувај книга-размени книга“, во која акција, Клонот на ЈЛБ„Илинден“ во М.Каменица, „К.П.Мисирков“ доби на подарок вкуно 626 книги или детска литература 387книги или 107 наслови и литература за возрасни  239 книги. Читетелите од Каменица ќе имаат голем избор на добри книги кои ќе можат да ги изнајмуваат од Клонот „К.П.Мисирков“.

Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаа Општина М.Камеица-дел од општинската администрација задолжен  за родова еднаквост и еднакви можности за сите, невладиниот сектор, приватни компании.

ЈЛБ„Илинден“-Делчево од срце им се заблагодарува на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива и донираа:

1.Општина М.Каменица и  Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост при Општина М.Каменица

      2. ДОО Таке Пром

      3.ДОО  БМБ унион

     4.ДООЕЛ Кав Кам Транс

     5. ДООЕЛ Цинк  Транс

     6.ДООЕЛ  Пајо  Го

     7.ДООЕЛ Данини –природна козметика

     8.ДООЕЛ Де пласт  монт

     9.ДООЕЛ Нико стил инжињеринг

    10.ДООЕЛ Нико сервис

    11.ДООЕЛ  Адри груп

    12. ДООЕЛ Ники груп

   13.ДООЕЛ МК- Коко гостилница

   14.ДООЕЛ  Ас Иднина

   15.ДОО  Виор

   16.ДООЕЛ Кам Бисер

   17. СПАД Царев врв-Руен

   18.ДООЕЛ Кам гребен

   19.ЈТД  Јаков

   20.Каменица.мк

   21.КИЦ„Романса“

Со оглед на тоа што библиотеката е со скратен буџет, и континуирано недостасуваат финансиски средства, оваа донацоја за Клонот на библиотеката во Каменица е повеќе од добредојдена.Бројката од 626 подарени книги е за почит, восхит и радост.

Сите наслови веќе се обработени и достапни до читателите во Kаменица.